Редизајнирајте ги вашите стари патики – креативна работилница на Snkrcity на Скопје Стрит Фестивал

27 мај 2015

Урбаниот фестивал на улична уметност Скопје Стрит Фестивал што оваа година е закажан од 5. до 7. Јуни најавува одлична креативна работилница за сите оние кои сакаат да им дадат нов дизајн на своите стари патики.

Во соработка со веб магазинот за урбана и стрит култура, Snkrcity, во рамките на фестивалот кој и оваа година се одржува во градскиот парк во Скопје, ќе биде организирана работилница насловена  „Дојди на custom патика“, каде во дружба со креативците од овој магазин, ќе ги радедизајнирате вашите стари патики и ќе им дадете ваш уникатен печат.

 

Целта на оваа работилница е сите што ќе учествуваат да донесат свои стари патики и овде да го поминат целиот процес на нивното редизајнирање, од скица до целосно нов дизајн.

Сите заинтересирани може да се пријават  на rabotilnica@snkrcity.com или на facebook.com/snkrcity.

„Фестивалот вклучува 6 стејџа: графити, музички, скејт/блејд/бајк, стрит бол, денс и Игло работилници. На ова трето издание ќе зборуваме за мултикултурата како важен сегмент во градење на стабилно опшетство, ќе ги поканиме младите на Скопје и пошироко да бидат дел од фестивалот, да се забавуваат, навиваат и едуцираат, а со тоа да помогнат во градењето на стратегијата за едно урбано и здраво Скопје.  Градот на солидарноста заслужува отворен и масовен фестивал за млади“, велат организаторите за овогодинешното издание на фестивалот кој за прв пат беше одржан во 2013 година.

Објавено:
27 мај 2015
Категорија: 
Култура