Најавен вториот Скопје Стрит Фестивал

26 мај 2014

Скопје Стрит Фестивал беше создаден минатата година како подиум на урбана улична уметност, каде се собраа повеќе од 25 стрит артисти кои преку креативност, интеракција и музика го трансформираа градот во една супер урбана средина. Единствениот отворен фестивал, кој зборува за улична култура и мотивира урбано будење, оваа година повторно во Градски Парк на 6-ти и 7-ми  јуни. Вториот Скопје Стрит Фестивал преку музика и креативно изразување ќе допринесе кон креирање на урбани стратегии за поубаво Скопје.


Скопје Стрит Фестивал оваа година ќе вклучува графити, скејт, блејд, бајк, стрит бол,  денс стејџ, партија баскет, брејкденс, работилници во игло, односно мултимедијална понуда за еден одличен викенд.

Првиот Скопје Стрит Фестивал успеа да разбуди многумина, а се надеваме дека и  оваа ќе разбуди уште многу повеќе.

Објавено:
26 мај 2014
Категорија: 
Актуел