•
25 септември 2014
Актерот Џон Малкович позира во новиот фото проект на Сандро Милер. Фотографот одлучи кадрите да не бидат обработени со фотошоп, а актерот го претвори во Салвадор Дали, Енди Ворхол, Мерилин Монро и многу други.
Реинкарнацијата е камен темелник на секоја актерска професија. Џон Малкович ги потврди своите вештини надвор од „казнениот простор“, во овој случај. Имено, актерот стана модел во новиот проект на фотографот Сандро Милер насловен: „Малкович, Малкович, Малкович – омаж кон сите мајстори на фотографијата“.
Џон Малкович, позираше пред фотообјективот на Милер облечен во „чевлите“ на иконите кои го одбележаа дваесеттиот век. Погледнете како изгледа кога Малкович кога е во улога на Мерилин Монро, Че Гевара или Алберт Ајнштајн.
Објавено:
25 септември 2014Категорија:
Култура