Марџ Симпсон во моден времеплов

21 ноември 2013

Марџ

Марџ Симпсон е грижлива мајка, трпелива сопруга, нервозен возач, но никогаш не е модна икона. Благодарение на уметникот Александро Паломбо, познат по неговите живописни модни цртежи, таа сега ги носи некои од највпечатлвите фустани некогаш направени.

-Марџ Симпсон ја има во секоја жена,а со ова јас сакав да ја истакнам магијата што секоја жена ја поседува - силата, женственоста, елеганцијата, еротиката и убавината. Направив конкретна селекција на она што според мое мислење навстина имаше влијание врз стилот на жените во последните 100 години. Секој од овие фустани навистина го смени курсот на историјата на костимите, давајќи нова естетска визија, која направи и големи промени во нашето општество. Оваа облека можеби не е уметност, но естетската визија која таа ја презентира имаше голема улога во еманципирањето на жената од 1900-тата. Во многу случаи, фустанот е тој што ја трансофрмирал жената во модна икона, но во многу други, личноста на жената е тоа што ќе го просветли и издигне фустанот - вели Паломбо.

Марџ во поддршка на монохроматските матерјали кои ги популаризираше Andre Couregges во 1960-тите во Париз Марџ во поддршка на монохроматските матерјали кои ги популаризираше Andre Couregges во 1960-тите во Париз

ре-креирање на популарната фотографија на Ричард Аведон од 1957 година, со Кармен дел Орфис, како скока преку вирче Повторно креирање на популарната фотографија на Ричард Аведон од 1957 година, со Кармен дел Орфис, како скока преку вирче

Марџ како Довима со слоновите, во фустан на Диор, фотографија инаку изработена од Ричард Аведон во 1955 Марџ како Довима со слоновите, во фустан на Диор, фотографија инаку изработена од Ричард Аведон во 1955

Во фустанот-лебед што го носеше Бјорк на доделувањето на Оскарите во 2001 година Во фустанот-лебед што го носеше Бјорк на доделувањето на Оскарите во 2001 година

Во фустан креиран од Кетрин Вокер, а кој го носеше принцезата Дајана Во фустан креиран од Кетрин Вокер, а кој го носеше принцезата Дајана

Во костим на Кристијан Диор од колекцијата „New Look“ од 1947 година Во костим на Кристијан Диор од колекцијата „New Look“ од 1947 година

преобработка на позата на Шанел, со бисери и цигара преработка на позата на Шанел, со бисери и цигара

Во еден од најпознатите костими на Коко Шанел Во еден од најпознатите костими на Коко Шанел

Марџ го носи Union Jack фустанот кого носеше Гери Халивел Марџ го носи Union Jack фустанот кого носеше Гери Халивел

Во фустан на Весаче со безопасни, кој некогаш го носеше ЕЛизабет Харли Во фустан на Весаче со безопасни, кој некогаш го носеше ЕЛизабет Харли

Во фустанот на Одри Хепберн од „Појадок кај Тифани“, креација на Живанши Во фустанот на Одри Хепберн од „Појадок кај Тифани“, креација на Живанши

Како Грејс Џонс Како Грејс Џонс

Во розов фустан на Ралф Лорен, кого Гвинет Палтроу го носеше кога го доби Оскарот за најдобра актерка во 1998 година Во розов фустан на Ралф Лорен, кого Гвинет Палтроу го носеше кога го доби Оскарот за најдобра актерка во 1998 година

Марџ во розов Шанел костум, кој го носеше Џеки Кенеди на трагичниот ден кога загина претседателот Кенеди во Далас во 1963 Марџ во розов Шанел костум, кој го носеше Џеки Кенеди на трагичниот ден кога загина претседателот Кенеди во Далас во 1963

Во фамозниот корсет на Мадона од Жан Пол Готје Во фамозниот корсет на Мадона од Жан Пол Готје

Марџ изгледа скромно во фустанот на Иса, наменет за Војвотката од Кембриџ - Кејт Мидлтон за свршувачката Марџ изгледа скромно во фустанот на Иса, наменет за Војвотката од Кембриџ - Кејт Мидлтон за свршувачката

Марџ како Кејт Мос во новата фотосесија за Плејбој, што ја сликаа Мерт и Маркус Марџ како Кејт Мос во новата фотосесија за Плејбој, што ја сликаа Мерт и Маркус

Марџ Симпсон во изглед карактеристичен за Мери Квант, вклучувајќи ја и фамозното мини здолниште на дизајнерот Марџ Симпсон во изглед карактеристичен за Мери Квант, вклучувајќи ја и фамозното мини здолниште на дизајнерот

Марџ како филмска ѕвезда во белиот фустан што го носеше Мерилин Монро во филмот „Некои тоа го сакаат жешко“ Марџ како филмска ѕвезда во белиот фустан што го носеше Мерилин Монро во филмот „Некои тоа го сакаат жешко“

Во еден од највпечатливите фустани во историјата, на Тиери Муглед од 1995 година Во еден од највпечатливите фустани во историјата, на Тиери Муглед од 1995 година

Марџ во винтиџ фустанот на Валентино, кој го носеше Џулија Роберт, кога го освои Оскарот за најдобра актерка во 2000-та година Марџ во винтиџ фустанот на Валентино, кој го носеше Џулија Роберт, кога го освои Оскарот за најдобра актерка во 2000-та година

Марџ како Викторија Бекам во фустан од нејзината линија Victoria,Victoria Beckham line, која дизајнерката го носеше во Њујорк оваа година Марџ како Викторија Бекам во фустан од нејзината линија Victoria,Victoria Beckham line, која дизајнерката го носеше во Њујорк оваа година

Како Вирџинија Олдоини, грофицата од Кастиглионе, на сликата од Пјер Луи Пјерсон околу 1863 Како Вирџинија Олдоини, грофицата од Кастиглионе, на сликата од Пјер Луи Пјерсон околу 1863

Во Модриани фустан на Ив Сен Лорен, 1965 Во Модриани фустан на Ив Сен Лорен, 1965

Објавено:
21 ноември 2013
Категорија: 
Актуел