Се' е подготвено за шестиот Balkan Art Fashion Event

8 јуни 2015

Bafe2

Шестото издание на Balkan Art Fashion Event годинава ќе се одржи од 14-ти до 16-ти јуни. Во рамки на програмата се предвидени три дена ревии како и интересна програма што ќе ги следи.

На годинешното издание ќе земат учество повеќе од 30 модни дизајнери од регионот, одбрани на конкурсот.

Целта на манифестацијата е стручната и пошироката јавност да се запознаат со младите автори и да им пружат поддршка во промовирањето на нивната работа.

Конкретно на деветте ревии своите креации ќе ги претстават автори одбрани на регионалниот конкурс, на кој пристигнале повеќе од 100-тина трудови, велат од организацијата. Меѓу нив се и неколку Македонци и тоа нашата млада дизајнерка, Евгенија Зафировска, која ќе се претстави првиот ден, на 14-ти јуни, заедно со уште неколку претставници од Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска на ревијата со слоган Forms and Fabrics.

Bafe1

На вториот ден под насловот Cuts, заедно со претставници од Хрватска, Србија и иТалија, ќе се претстави уште една наша млада дизајнерка, Александра Јовановска.

Ревијата на третиот ден е под слоганот Different Look Of Women, а покрај дел од познатите домашни дизајнери, како Марина Миќановиќ, Милица Тричковиќ, ќе се претстават и нашите Сара Милевска и Прокопие Ќаев.

Посетителите и љубителите на модата и уметноста во рамки на овие три дена ќе имаат можност да ја посетат изложбата Restore your mind, еко-арт проект на студентите од Универзитетот Метрополитен, како и изложбата на модни аксесоари и облека Live Dolls.

Последното издание на Balkan Art Fashion Event предизвика големо внимание на авторите од околните земји, поради што, настанот ја крена платформата на регионално ниво.

BAFE VI program

-BAFE е модна манифестација, која се создаде со идејата да ја промовира најпрвин домашната, а потоа и регионалната модна сцена и да им даде шанса на младите и недоволно афирмирани дизајнери, да го прикажат својот талент. BAFE посебно внимание посветува на на авторите кои модата и облекувањето не го сфаќаат само како индустрија, туку и како своевиден уметнички израз, перформанс, кој се одвива и на модната писта, но и на улицата – велат од манифестацијата.

Повеќе информации можете да дознаете на линкот http://on.fb.me/1o0fRIh

 

Објавено:
8 јуни 2015
Категорија: 
Култура