Сега можете да преспиете на Кинескиот ѕид и тоа бесплатно!

7 август 2018

Популарната платформа Airbnb дефинитивно е една од оние кои нудат неверојатни патувања и излети какви што не можеме да најдеме на друго место.

Меѓу последните дестинации е Кинескиот ѕид каде можете и да преноќите, нешто што досега не било случај.

Имено, станува збор за натпревар кој трае до 11 август, а незаборавното искуство ќе се одвива од 4 – ти до 8 – ми септември.

Во понудата се вклучени и авионски карти, како и ноќевање под ѕвездите со неверојатен поглед. Таму ќе можете да пробате и некои од најпознатите кинески јадења, да планинарите и да уживате во сите убавини што ги нуди околината.

Доколку го освоите патувањето, ќе имате неверојатно искуство во кое е вклучено спиење под ведро небо, интимна вечера за двајца, историски лекции за Кинескиот ѕид, по што ќе следи традиционален кинески концерт само за вас.

За да учествувате во натпреварот, треба да се пријавите на страната на платформата, да одговорите на неколку прашања и да напишете ваша креативна приказна зошто денеска е толку важно да се срушат бариерите меѓу различните култури.

Објавено:
7 август 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
205 пати