Секојдневието од стариот Рим на фестивалот „Scupini Romani“

4 ноември 2016

Во недела од 10 до 16 часот во комплексот „Ореов Лад" ќе се одржи меѓународниот фестивал посветен на древната римска култура „Scupini Romani".


Целта на настанот е да се долови реконструкцијата на секојдневниот живот на населението во стариот Рим.


„Се обидовме дел од верувањата, традициите, модата, храната и занаетите да ги визуелизираме преку работилници кои ќе ги покажат античките техники при изработките на предметите", велат организаторите „ХАЕМУС" - центар за научно истражување и промоција на културата од Скопје, а во соработка со Археолошкиот парк ,,Виминациум" (Археолошки институт Белград при Српската Академија на Науките и Уметностите) и во партнерство со EXARC - меѓународна организација за музеи под отворено небо и експериментална археологија.


Во рамките на фестивалот ќе има:

- јавни предавања од научници кои се занимаваат со истражување на римската археологија
- дегустрација на римска храна
- изложба на костуми и модна ревија на облека со инспирација од древниот Рим
- можност да се облечете во римска облека од антиката
- работилници со разни занаети практикувани во древниот Рим
- можност да направите античка римска фризура
- изложбен простор со комерцијални копии на Археолошкиот парк "Виминациум"
- можност за купување на сувенири направени според инпирација на културното наследство од римскиот период на територијата на Република Македонија.

Со овој настан се популаризира културното наследство од римскиот период преку едукација, а главната мисија на фестивалот е дисеминирање на научните истражувања преку историска реконструкција позната под терминот "reenactment". Акцентот на оваа реконструкција е ставен врз експерименталната археологија, древните технологии и нивната интерпретација во обид да се подигне јавната свест за одредена научна област кај љубителите на културното наследство.

Свое учество на настанот ќе земе и дизајнерката на накит Елена Доленц која твори под етикетата Ellie jewelry, и која специјално за оваа прилика изработи автентичен накит карактеристичен за периодот на стариот Рим. Доленц своите креативни вештини ги доквалификуваше во рамките на програмата што бесплатно ја организираше Фондацијата Елена Лука каде стекна нови искуства кои дополнително и помогнаа да го развие својот талент.

 

Објавено:
4 ноември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
196 пати