Селин Дион - најголемата ѕвезда на годинешните Греми

5 февруари 2024

Можеби не освои Греми, но Селин Дион ги освои срцата на сите присутни на вчерашната церемонија.

Канадската пејачка и покрај болеста и кревкото здравје, се појави на сцената пред своите колеги, насмеана и видно среќна.

Селин, 55, ја имаше задачата да ја додели награта за Најдобар албум на Тејлор Свифт, 27 години откако и самата го доби истото признание.

На сцената ја придружуваше нејзиниот најстар син Рене Чарлс.

Дион која го имаше еден од најмноќните гласови на денешницата, пред една година јавно ја соопшти својата дијагноза.

Пејачката страда од ретка болест која што ѝ предизвикува грчење на мускулите, отежнато одење, како и слабеење на гласните жици поради што ѕвездата ја откажа и својата светска турнеја.

Таа сега снима и документарец со којшто сака да ја подгине свеста за луѓето кои страдаат од оваа болест.

Селин за време на својата 40 годишна кариера има продадено над 250 милиони албуми и освоено пет Греми награди.

Фото: Facebook, Instagram

Објавено:
5 февруари 2024
Категорија: 
Култура