Шопен под отворено небо со маестро Дино Имери

9 мај 2024

На 11-ти мај со почеток во 12 часот, во Градскиот парк, на „Школка", македонскиот пијанист Дино Имери ќе одржи рецитал на кој ќе изведе дела од големиот романтичар, полскиот композитор Фредерик Шопен. Овој несекојдневен музички настан е организиран од Амбасадата на Република Полска, по повод Денот на Уставот.

Станува збор за навистина редок настан, затоа што класичната музика не се изведува често на отворено.
Но, идејата е и Скопје да се придружи на традицијата на реализирање на концерти на отворено какви што се случуваат во Полска, близу Варшава, токму кај споменикот на Шопен и неговото родно место, од страна на врвни, светски пијанисти.

Настанот е бесплатен.

 

Објавено:
9 мај 2024
Категорија: 
Култура