Што е луксузен начин на уредување?

19 декември 2014

 

Честопати сте прочитале дека некој стан или куќа е луксузен. Но, што значи тоа? Веројатно мислите дека тоа е поради големата квадратура. И во тоа има вистина, но луксуз подразбира и избор на квалитетни материјали од кои се изработени мебелот, подот и останатите елементи во просторот за живеење.

Така, вие можете да имате и минималистички уреден стан, а да биде луксузен, како и  рустичен, уметнички ...

Во продолжение ви презентираме неколку начин на кои можете да внесете малку луксуз во вашиот дом:

  • Спална соба

Ако сакате луксузен стил во спалната соба, креветот треба да биде во центарот на вниманието. За да спиете на луксузен кревет, потребен ви е квалитетен душек, потоа големи, дебели перници и прекривка. Постелнината нека биде свилена, сатенска или памучна, но висококвалитетна. Од двете страни на креветот додајте масички и ламби. Ако сте одлучиле да имате луксузен стил, тоа значи дека и плакарот треба да ви биде изработен од висококвалитетно дрво на пример... Луѓето многу често штедат на спалните соби, затоа што гостите не ја гледаат. А не би требало, бидејќи во таа соба се будите секое утро и го дочекувате секој нов ден.

  • Бања

Во луксузно опремените живеалишта, бањите се опремени со стакло, туш со многу млазеви, џакузи када, големи огледала, осветлени со ѕидни светилки. Да не ги забораваме крпите од кашмир, бањарките направени од квалитетен памук. Некои од овие работи можеби не можете да си ги дозволите,но  крпите, или убави туш завеси, мирисни свеќи, тоа да.

  • Завеси

Завесите и драпериите  даваат посебен шарм на собите. Многу луѓе не обврнуваат внимание на квалитетот на завесите. Квалитетната драперија е секогаш скапа и тешко се наоша. За одржување на луксузниот изглед, одберете свила или демаст.

  • Осветлување

Страничните ламби, ѕидните светилки се секогаш добар избор. Уметничките дела исто така можете да ги осветлите со фино осветлување, а наместо гломазните лустери, употребете некое модернистичко решение. И во кујната употребете што повеќе светло, покрај елементите, на ѕидовите...

  • Под

Во луксузните домови подот често е од тврдо дрво, траветина, а се среќава и мермер. Во склад со бојата на подот, одберете ги украсните перници во просториите каде што најчесто престојувате. Перниците и украсите се секогаш усогласени во луксузните домови. Исто така, перниците со елегантни бои ќе ја нагласат софата и столчињата.

*Во соработка со Elena Luka Home
Објавено:
19 декември 2014
Категорија: 
Култура