Веќе знаеме дека малите детали може да ви помогнат вашиот стан секогаш да изгледа беспрекорен и неверојатно модерен. Лошиот избор на мебел и детали пак, може сосема да ви го расипе уживањето во она најубавото – вашиот совршен дом!
Многу парчиња мебел во една соба може да ја претворат истата во магацин, а недостатокот пак, може да му го одземе шармот на вашиот дом.
Понекогаш, ви треба помош да ги забележите овие недостатоци во вашиот дом, а најдобро би било таа помош да се вика – професионален дизајнер за средување на простори!
Тројца од неколкуте најдобри дизајнери за ентериери во светот, говорат за тоа кои грешки треба да ги избегнете при уредување на домот и ни нудат неколку брилијантни решенија како помош на оние на кои им е потребна.
1.Кога станува збор за килимот во вашата спална соба, големото не е секогаш најдобро. Особено кога живеете во помал стан и имате мала спална соба, секогаш треба да имате на ум дека сакате малиот простор да изгледа поголем. Ако ставите мало килимче во спалната соба, ќе имате чувство дека истата е многу поголема, и не грижете се, не мора сите четири ногарки од креветот да бидат на килимот, доволни се предните две.
2.Понекогаш, луѓето се скептични за комбинирањето на различни видови дрво во еден простор, но токму ваквите комбинации на собата ќе и овозможат позитивни вибрации со чувство на топлина и шарм. Истата боја на елементите од дрво во домот, на другите ќе им дадат чувство дека сте монотони и без креативност, затоа уживајте во комбинирањето!
3.Никогаш не го трупајте просторот со премногу мебел или декоративни предмети. Верувале или не, премногу објекти на едно место, влијаат лошо на вашата енергија и став. Кога и да се двоумите дали да се ослободите од нешто, одговорот секогаш нека ви биде да!
4.Доколку масата каде го послужувате ручекот и која се наоѓа во централното место на вашиот дом, е сосема едноставна, со тенки ногарки и уште потенка подлога, тогаш набавете си некоја повпечатлива масичка за кафе која нема да биде толку минималистичка. Погрижете се таа да биде некоја ретро дрвена масичка која ќе остави голем впечаток кај секој ваш гостин.
5.Верувале вие или не, иако белата боја е прекрасна, истата не е вистинскиот избор за боење на ѕидовите во мала соба. Одберете некоја крем или беж нијанса со помеки тонови кои ќе направат собата да ви изгледа поголема.
6.Задолжително купете си завеси за во домот кои ќе го опфатат ѕидот од горе до доле. За истите да изгледаат поубаво, работ што ќе го направите во долниот дел, нека биде висок 12 сантиметри и на тој начин завесите ќе ви изгледаат многу попрофесионално и пропорционално за просторот.
7.Првиот чекор кон софистицирана спална соба е изборот на вистинска прекривка за креветот. Доколку сте во можност, одберете таква во кралски дух што ќе ви го прекрие целиот кревет од горе до доле. Ваквиот вид на прекривки не само што ќе направат спалната да ви биде пософистицирана, туку и ќе ви помогнат подобро да ги сокриете работите што ги чувате под креветот! Не грижете се, секому му се случува тоа!