Синот на Џон Ленон и Јоко Оно ќе работи на документарец за легендарната двојка

2 јуни 2024

Џон Ленон и Јоко Оно се еден од најпознатите парови на 20 век.

Иако нивната љубовна приказна завршува трагично со смртта на Џон во 1980-та, таа сè уште побудува голем интерес кај широката јавност.

Еден од четворицата Битлси и уметницата од бракот го добија синот Шон, а сега нивната заедничка животна сторија ќе добие и свој документарен филм.

Она што е интересно е тоа што токму Шон ќе биде дел од продукцијата на истиот.

Фокусот на филмот ќе биде добротворниот концерт што Џон го направи во 1972 година, под мотото One to One.

Тоа беше и единствениот концерт што тој го направи откако ја напушти легендарната група The Beatles. Настанот се случи во Њујорк, а на сцената со Ленон беше и Јоко.

Зад филмот стојат оскаровецот Кевин Мекдоналд и продукциската куќа Mercury Studios, додека Шон покрај продуцентската улога ќе се грижи и за звукот.

Синот на Џон и Јоко е музичар и креатор на анимирани филмови и токму неговиот филм War is Over! беше прогласен за најдобар во својата категорија на годинешните Оскари.

Фановите ќе имаат можност да ѕирнат во дел од личната архива на познатата двојка, која ги одбележа 70-те.

Фото: Instagram, Pinterest

Објавено:
2 јуни 2024
Категорија: 
Култура