Сосема нова музичка естетика од Теа Трајковска и спот со „крими-приказна“

5 април 2022

Црн џип, замаглени стакла, киднапирано момче во багажник, лента на уста и врзани раце се дел од крими-приказната на познатата пејачка Теа Трајковска во спотот за новата песна со наслов „Гори“.

Ова е нејзиното најново музичко остварување, а како за претходните песни, така и за ова, таа се потпишува како автор на текстот, додека пак музиката и аранжманот се дело на нејзиниот долгогодишен соработник, познатиот продуцент Лазар Цветкоски.

Теа за првпат соработуваше со младиот и талентиран режисер Горан Симјаноски, а покрај Трајковска, улоги во спотот имаат и Роберта Цветковска и Филип Самарџиев.

- „Гори“ е еден од моите најдраги проекти и песна во која многу верувам и ја сакам уште од денот кога имаше само една строфа, а рефренот го направивме цела година подоцна. Мислам дека со спотот одлично го доловивме „вајбот“ и енергијата на песната, а најзадоволна сум затоа што успеавме да направиме стилска промена со Лазе и покрај седум години работење заедно и многу песни позади нас - вели Теа и најавува дека подготвува и нов проект.

Дотогаш, слушнете ја нејзината најнова песна „Гори“.

 

Објавено:
5 април 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
265 пати