„Свети Валентин“ во куќата на Јулија – да, возможно е!

22 јануари 2020

За прв пат во историјата, еден среќен пар ќе има можност да го прослави Денот на вљубените во резиденцијата на Јулија (да, хероината од „Ромео и Јулија" на Шекспир) во Верона!

Оваа ексклузивна шанса ја овозможува платформата Airbnb која во соработка со италијански архитект го освежиле ентериерот кој сега има луксузна естетска нота, а сепак задржувајќи го романтичниот дух.

Заинтересираните парови до 2. февруари може да испратат романтично писмо до Airbnb, во кое ќе објаснат зошто токму тие ја заслужуваат оваа единствена шанса, да го прослават „Свети Валентин" на најромантичната локација. Тимот на платформата ќе одлучи кое од испратените писма има најавтентична приказна и врз основа на тоа ќе го селектира среќниот пар.

Инаку куќата на Јулија, изградена во 13-от век, позната како „Casa di Giulietta" е најпопуларната куќа-музеј во Верона што на градот секоја година му носи милиони туристи.

Среќниот пар освен престојот, ќе добие можност и за туристичка обиколка на Верона.
Доколку се пронаоѓате во потенцијалните романтичари, не чекајте, туку раскажете им ја вашата приказна.

 

Објавено:
22 јануари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
591 пати