Светскиот ден на танцот ќе го одбележат над 1000 танчери од повеќе танц студија од Македонија

27 април 2023

Танцот има моќ да ги зближи луѓето, да раскажува приказни и да искажува емоции што зборовите не можат. Без разлика дали се работи за традиционални народни танци, класичен балет или модерни современи стилови, танцот има способност да нѐ поврзе со нашите тела, нашите заедници и нашата заедничка хуманост.

Светскиот ден на танцот e ден посветен на славење на различноста и убавината на танцот ширум светот.

За таа цел, на 29.04.2023 (сабота), во 14 часот, во Ист Гејт, со танц перформанс од над 1000 танчери од повеќе танц студија од Македонија, ќе се одбележи и поддржи богатата историја и културното значење на танцот како уметничка форма која е дел од човековото изразување илјадници години.

Настанот е воедно и најава за ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ХИПХОП И БРЕЈКДЕНС (СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ), како и ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ТАНЦ ФЕСТИВАЛ DANCE OFF 2023 (ИСТ ГЕЈТ МОЛ). И на двата настани, Скопје ќе биде домаќин на танчери од преку 20 земји од Европа.
Во програмата во сабота, покрај танц перформанс, ќе има и диџеј - DJ NASTY, како и работилници по танц со повеќе кореографи од Македонија.

Настанот ќе го модерира Димитар Атанасовски.

 

Објавено:
27 април 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
44 пати