Театра и Искра Донева порачуваат: Животот треба да е бајка со среќен крај!

28 април 2015

7

Независниот театар „Театра“ вчеравечер го прослави четвртиот роденден, во кафе „Љубов“. Токму со многу љубов и радост, во присуство на пријатели и соработници, тие го посветија овој ден на младата авторка Искра Донева, која пак ја презентираше својата книга со наслов „Јас, принцеза од бајки“.

Позитивна, нежна и во креација на Елена Лука, Искра навистина изгледаше како принцеза, од нејзина бајка. Она во што верува, успеа да го преточи во стихови, што сите присутни ги разнежнија.

1

-Тие што се љубители на поезијата треба да ја прочитаат мојата книга од една проста причина, бидејќи верувам дека животот треба да е бајка со среќен крај. Својата инспирација ја најдов во екранизираните верзии на приказните на Дизни и се изненадив колку таму успеав да пронајдам дел од моето секојдневие и од оние морални принципи што треба да нè водат во животот, за тој да ни биде бајка, бидејќи верувам дека тоа не е невозможно – вели Донева.

3

Во виолетов фустан од Елена Лука и широка насмевка на лицето, Искра пишуваше посвета за сите оние што први сакаа да ја прочитаат нејзината бајка во стихови.

- Како и секогаш од Елена Лука знаат да ја оживеат принцезата во мене и да се чувствувам прекрасно, како што треба секој човек да се чувствува, во секоја пригода. Кога одам на проба, тие ми предлагаат неколку модели, па имам проблем да се одлучам за вистинскиот, бидејќи сите ми се допаѓаат. Сепак, за вечерва одбрав фустан во виолетова боја – ни откри авторката.

5

Вчерашното дружење под слоганот „Гласен шепот“, се одбележа и со драмско читање на дел од песните на Искра.

Оние што вчеравечер не успеаја да ја купат книгата, „Јас, принцеза од бајки“ ќе биде достапна за продажба по цена од 150 денари и на претстојниот Саем на книга во Скопје, што ќе се одржи од 5-ти до 11-ти мај.

4

Книгата е во издаваштво на самата Искра Донева, а сите средства ќе бидат наменети за лекувањето на авторката од целебрална парализа.

Да бидеме дел од бајката на Искра која ќе има среќен крај!

2

6

8

9

10

11

12

13

14

15

Објавено:
28 април 2015
Категорија: 
Култура