Ако помисливте дека се работи за циклично враќање на одредено модно парче, или можеби дека буквално три генерации ги носеле истите чевли, одговорот не е сосема точен. Се работи за прокетот на германската фотографска Нина Родер, насловен како Mother's Shoes. Таа пронајде одличен начин да ја изрази својата благодарност на силните женски фигури, кои ги препознава со својата баба и мајка, кои „владелее“ во нејзиното семејство.
Уметничкиот концепт на Нина е мошне едноставен - три жени од различни генерации носат иста облека, позираат пред истиот мебел, со што сака да симболизира на нивните мајчински улоги, додека визуелната постапка од баба до внука покажува одреден континуитет во женската Родер линија.
Централна фигура е мајката на Нина, фризерка од Баварија. Авторката сакала да раскаже нешто и за спомените на нејзината мајка, нејзината младост, затоа што мајката некогаш се гледа и доживува само како фигура на услуга и без лична историја, потреба и желба.
Облеката која е прикажана на фотографиите навистина припаѓа на нејзиното семејство и се носела во различни генерации. Останатите елементи како цветовите во тоалетот се дел од матурските украси, додека масичката за разубавување е директна асоцијација на првите експериментирања со облека и фризура.
Делото е носталгична забележшка за женственоста, љубовта и почитувањето кон генерациите кои се веќе тука, но и кон оние што допрва ќе дојдат, а кои еден ден ќе можат да се во ваши чевли - буквално и преносно.