Уметниците собраа преку 200.000 денари за настраданите во поплавата

11 август 2016

Во „Концепт 37“ завчера вечер започна „Хуманитарната изложба за жртвите од саботните поплави“. Стотина писатели, уметници, дизајнери, фотографи, графичари донираа дел од своите дела, а уште првата вечер Владимир Лукаш, воедно и еден од иницијаторите на изложбата, објави дека се собрани дури 178.425 денари. Вчера пак, се собраа дополнителни 53.000 денари.

фотографијата е преземена од фб објавата за настанот

Изложбата ќе трае до понеделник, па сите вие што сакате да помогнете, а притоа и да имате некое уметничко парче за себе, вклучете се!

Меѓу изложувачите се најдоа Атанас Потев, Ивана Настески, Лилика Стрезоска, Ена Зафировска, Натали Ристовска, Лидија Георгиева, Ем Елефантски, Дафина Џепароска, Ване Костуранов, Тони Димитров, Урош Вељковиќ, Глигор Кузмановски, Иван Шопов, Сани Богдановска, Ана Јовсковска, Гордана Винчиќ и уште многу други, што воедно е повик и до сите што се занимаваат со уметничка работа да се придружат.

На изложбата се продаваа слики, графики, скулптури, рачно изработен накит, чанти, керамика, маички, книги, винилни плочи, што им се допаднаа на бројни познати љубители на уметноста. Иницијаторите на иложбата, постојано следат што им е најпотребно на загрозените семејства, па во склад со тоа ќе бидат и искористени собраните средства.

 Повеќе информации можете да добиете на линкот овде.

Да придонесеме за оваа бројка да биде уште поголема!

 

Објавено:
11 август 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
325 пати