Уметност на маса: Празничен прибор за јадење со потпис на Диор

10 април 2023

Француската модна куќа Диор по повод Велигден креираше луксузен прибор за јадење во пастелни бои, симболизирајќи будење на природата и стартот на топлата сезона.

Колекцијата наречена Rose des Vents од Dior Maison исто така му оддава почит и на покојниот основач на модната куќа Кристијан Диор.

Сетот порцелански прибор за јадење е декориран со 24 каратно злато. Чиниите се во пастелни нијанси кои варираат од нежно розова и портокалова, до авокадо зелена и светло жолта.

Боите се инспирирани од нијансите на скапоцените камења што симболизираат среќа: кварц, аметист, топаз, хризолит, аквамарин и карнеол.

Чиниите се исто така декорирани со ѕвезди што имитираат компас, како повик за собир на целото семејство за празникот, од сите страни на светот.

Порцеланските чинии се комбинирани со сребрен прибор и чаши од кристал што му даваат една лесна нота на целиот дизајн.

 Фото: Instagram

Објавено:
10 април 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
95 пати