Volha Jewelry лансираше лукбук за новата колекција на накит

15 октомври 2014

Новата колекција плени со уникатната изработка и масивност, а дополнително за создавање на истата Олга Прокопова ја ангажираше и познатата дизајерка на ентериери Џулија Шукарев, со што направи успешен спој на модата со архитектурата. Самиот наслов на колекцијата „Urban“ означува накит кој плени со геометриските форми инспирирани од римскиот амфитеатар, па се до облакодерите во Њујорк. Материјалите кои се доминантни во создавањето на парчињата накит се аметист, кварц, бисери и кристали.

Во продолжение погледнете го новиот лукбук за новата колекција на накит „Urban“.

Објавено:
15 октомври 2014
Категорија: 
Модни додатоци