Колекција накит креиран од дизајнерка на ентериер

24 септември 2014

Брендот Volha Jewelry се претстави со новата колекција  накит изработена од руската дизајнерка на ентериери, Јулија Сухарев. Со наслов „Urban Collection“ колекцијата нуди рачно изработени ѓердани, обетки, прстени и алки направени од кристали, бисери и оникс во боја.

Во духот на архитектурата – од римскиот амфитеатар па' се до облакодерите во Њујорк, накитот е спој на минатото и денешницата, вклопени во уникатни парчиња. Накитот од Volha може да се најде во парискиот „By Marie“ и на онлајн страните Camilla Camilla, Dress One и Poisondrop.

Објавено:
24 септември 2014
Категорија: 
Модни додатоци