Руската дизајнерка на накит Олга Пракопау, ја претстави новата колекција за брендот „Volha Jewelry“, инспирирана од музиката на норвершкиот композитор Едвард Григ.

Масивните украси со големи камења се препознатлив белег на оваа етикета за накит. Но, за веќе претстојната сезона впечатливите ѓердани почнаа да излегуваат од мода, па затоа Олга реши да пристапи кон својот резервен план, кој се резултираше со интересна уметничко модна приказна.

Таа понуди „полесни“ декорации и дезени на накит кои секако како свој украс ги задржаа камењата во намалени, но сепак различни форми и облици кои беа комбинирани во обетките, ѓерданите и алките направени од метални златни или сребрени рамки, украсени со орнаменти од ливчиња, пеперутки и гранки како начин на дизајнерска симбиоза со природата.

Идејата за промоција на колекцијата е крајно оригинална. Музиката на Едвард Григ допринесе, уметничките ремек дела изработени на платно да ја оживеат магијата и убавината на парчињата накит во мистичниот самовилскиот свет.

Целиот накит е изработен рачно, со полускапоцени и скапоцени камења како аметист, рубин, малахит, кварц, во комбинација со бисери, кристали и емајлирани метални површини, резбани со посебни инструменти, за да се постигне ефектот на висок квалитет и беспрекорна изработка.

Објавено:
19 март 2014
Категорија: 
Модни додатоци