Вака изгледа внатрешноста на поранешна полициска зграда во Њујорк

1 септември 2014

Поранашна полициска зграда која се наоѓа во Њујорк во областа Менхетен, стана место каде улични артисти ја најдоа својата мека каде да ја изразат креативноста со бои. Мајсторите на својот занает ги претворија повеќето од просториите во голем уметнички објект кој наскоро треба да се сруши.

 

Инаку, полициската зграда е изградена во далечната 1863 година, а половина век им служела на американските полициски службеници. По 50 години, одделот е затворен, а просториите се празни. Идејата на уметниците на графити се развила со тоа што тие поканиле уште свои колеги за да го исполнат секој слободен простор.

Откако го направија своето, тие организираа и изложба која беше посетена од пројна публика. Сепак, зградата и уметноста наскоро ќе станат историја.

Објавено:
1 септември 2014
Категорија: 
Култура