Велешани направија македонска верзија од познатата „We are the world“

28 април 2020

„Ќе мине сè“ е насловот на македонската верзија на хитот на Мајкл Џексон и Лајонел Ричи, „We are the world“, која ја снимија 16 музичари од Велес.

Тие со ова сакаа да упатат позитивна, мотивирачка и охрабрувачка порака до сите кои периодов се соочуваат со потешки денови.

Инаку, текстот за оваа верзија го направи Огнен Неделковски, додека пак арнажманот е на Стојанче Иванов и Оливер Тевчев.

Промотор: Радио 5 ФМСпотот за песната е снимен со мобилни телефони, во домашни услови, поради состојбата со кризата со коронавирус, а во него се појавуваат  Дејан Попов, Стефани Алчева, Трајче Бондиќов, Катерина Брезева, Трајче Малинов, Мими Јовановска, The Chicks (Сандра Јорданова, Наталија Мејанџиева, Моника Ѓоргиева), Баже Натов, како изведувачи и  Стојанче Иванов – клавијатури, Симеон Иванов – клавир, Трајче Ристов – тапани, Оливер Тевчев – гитара, Борче Стојанов, Трајче Малинов - сопран саксофон и Тихомир Тевчев – бас гитара, како дел од бендот.

 

Останатите детали погледнете ги под видеото и секако слушнете ја песната.

Како ви се допаѓа?

Објавено:
28 април 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
252 пати