Од последната телевизиска реклама на Gap поминаа дури четири години. Во рамки на рефокусот на брендот, компанијата ја презентираше новата кампања насловена како „Back to Blue“, проследена и со видео материјал, односно телевизиска реклама.
Од тимот на брендот велат дека рекламата има за цел на публиката да и претстави нешто ново. Една од учесничките во рекламата Алекса Рој Џоел, ја пее песната на Били Џоел „Just the way you are“ седната на пиано, додека синот на битлсот Џорџ Харисон, кој исто така учествува во рекламата ја пее песната „For you Blue“, свирејќи на гитара.
Рекламата е снимана во студио, на едноставен начин и играње со контрастот и сенките, е ќе биде дел од големи настани како American Music Award и премиерата на новата сезона од серијата „Модерно семејство“.
Во продолжение погледнете како изгледа најновата рекламна тв кампања на Gap.