Жизел Бундшен стана пејачка

4 септември 2013

Сведоци сме  дека пејачите се почесто стануваат дизајнери, но ретко слушаме  манекенка да запливала во музичките води. Значи, топ моделот Жизел Бундшен, сепак инволвирана преку модата, се проба и како пејачка.

Таа, во најновата кампања за брендот H&M го позајмува својот глас за песната што ќе оди во позадина од видео ракламата. Жизел освен што пее, ќе ги промовира и моделите од колекцијата есен-зима  додека песната и рекламата ќе бидат објавени на 12-ти септември. Песната го носи насловот „All day and all of Nignt“, а со секое нејзино данлодирање собраните пари ќе бидат донирани за UNICEF. Во продолжение погледнете го видеото и слушнете како пее Жизел.

 

Објавено:
4 септември 2013
Категорија: 
Сцена