Жизел Бундшен повторно пееше за H&M

23 април 2014

Во неколку наврати најплатениот модел Жизел Бундшен ни докажа дека модната писта не е единствениот предизвик за неа. Овој пат таа го продолжи своето музичко искуство во соработка со шведскиот бренд H&M за кој направи  препев на познатата песна „Heart of Glass“ од Блонди за пролетната кампања на модната куќа.

Во видеото Жизел не само што пее туку и танцува низ плажите, го следи галопот на коњите и ужива во ѕвездените ноќи на белиот песок носејќи ги најновите  модели на костими за капење на  H&M. Ова не е прв пат Жизел да го земе микрофонот во своите раце, таа за кампањата на зимската колекција потпишана од истиот бренд ја испеа All Day And All Of The Night од Kinks.

Продуцентот на песната е Боб Синклер, а приходите од авторските права на песната ќе бидат донирани на УНИЦЕФ за поддршка на нивната образовна програма.


ABC US News | ABC Business News

Објавено:
23 април 2014
Категорија: 
Актуел