Велигденски јајца: Минималистички идеи за максимален ефект

15 април 2022

Пред нас се Велигденските празници, а велигденските јајца се симбол на празникот. Пред да започнете со подготовките околу празничниот декор, добро е да имате нови и свежи идеи што ќе ве насочат како оваа година да ги декорирате велигденските јајца.

Доколку ја преферирате минималистичката естетика, истата може да ја примените и при украсувањето на јајцата.

Само со добра идеја и малку посветеност, може да добиете максиламен ефект и убаво декорирани јаца во минималистички стил.

Постојат различни опции и техники што може да се искористат: нацртајте насмеано лице со црн маркер и додајте мала трака што треба да асоцира на цветно венче, користете колор блок техника со две до три складни бои или пак додајте детали во форма на зајачки уши, при што може да користите тенка, декоративна жица.

Елегантни, едноставни, а впечатливи...

Фото: Пинтерест

Објавено:
15 април 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.955 пати