Идеи за велигденски украси за домот

23 март 2018

Велигденските празници се наближуваат, па не е лошо уште од сега да побарате инспирација за тоа како да го декорирате домот и да ги израдувате блиските со нешто ново.

Во продолжение ќе видите идеи кои што не е тешко да ги изведете, а ќе внесат празнична и весела атмосфера во домот.

За овие празници меѓусебе си подаруваме велигденски јајца, а тоа сега можете да го сторите тоа во интересни хартиени ќесички, кои ќе ги врзете во форма на зајче. За тоа ви се потребни хартиени ќеси кои ќе ги исечете во горниот дел како на фотографијата и маркер, за да ја исцртате ќесичката, како и украсна врвка за да ја врзете.

 

Цвеќето е секогаш добредојдено во домот, а за да изгледа понаку од вообичаеното, во водата можете да додадете прехрамбена боја и да добиете сосема нов декор дома.

А кога сме кај цвеќањата, нив можете да ги ставите и во шишенцата од од стари парфеми. Изгледа интересно, ќе се согласите нели?

 

Кога е трпезата во прашање, морковите можете да ги искористите и за декорација, не само за јадење. Централната декорација на масата можете да ја направите на тој начин што во два исти стаклени сада ќе ставите моркови со слична должина, а врз нив додадете цвеќенце. Во средината пак, помеѓу тие два сада, додадете чинија на која веќе сте ги наредиле велигденските јајца.

 

Некои практикуваат и венчиња за врата и за велигденските празници. Една едноставна идеја е на веќе подготвено или купено дрвено венче да му закачите вештачки (или сварени) украсени велигденски јајца.

 

Објавено:
23 март 2018
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
12.072 пати