Вера Мештеровиќ водител на традиционалниот 20 – ти Виенски бал

12 март 2019

На 16 – ти март во хотелот Александар Палас ќе се одржи традиционалниот Виенски бал, оваа година по јубилеен 20 – ти пат.

Водител на манифестацијата годинава ќе биде прекрасната Вера Мештеровиќ, а на свеченото отворање ќе настапат танчерите од „Прима Данца“ и оркестарот Јохан Штраус под диригентство на Бисера Чадловска.

Во текот на вечерта гостите ќе ги забавува Џез Биг Бенд со диригент Џијан Емин, а ќе настапат и солистите на Балетот при Македонската опера и балет Саша Ефтимова и Ендру Кук.

Годинава, Виенскиот бал повторно, дел од средствата од купените билети ќе ги донира во хуманитарни цели.

Вера Мештеровиќ на фотографијата носи комбинација на Елена Лука

Овој пат, тие ќе бидат наменети за невладината организација „Без Ограничувања". Оваа организација се бори за јакнење на самостојноста на лица кои се движат со ортопедска количка или какво било друго помагало и поддршка на нивното вклучување во секојдневниот живот.

Врвното културно збидување е резултат на успешната австриско-македонска соработка на поле на културата и уметноста, а е во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус“ и покровителот на настанот Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија.

Вера Мештеровиќ на фотографијата носи комбинација на Елена Лука

Објавено:
12 март 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
975 пати