„Вибрирачки“ ентериер кој ги крши правилата на клишеата во уредувањето

7 ноември 2014

 

Њујорчанецот Џонатан Адлер кој е дизајнер на ентериери, ги отвори вратите од својот стан во Мелбурн, за реализирањето на потребите на австралиското издание на магазинот Vogue Living. Фотографиите од внатрешноста на неговиот беспрекорно уреден дом, ќе ви ги разбијат мислењата дека експлозијата од принтови во домот не може да зрачи со позитивна енергија за релаксиран амбиент.

Тој вели дека 20 годишното искуство уредувајќи ги домовите на своите клиенти го натерале во својот интимен простор да проба уредување  на начин кој повеќето не го практикуваат. Буквално во секоја просторија доминантни се геометриските принтови, за кои  појаснува дека трикот е во изборот на спектарот од  бои.

Токму тие се пресудни да не се создава напнатост, туку напротив опуштенот во просторот. Од колорната палета тој ги применил неколкуте  нијанси на карамел, сини и зелени тонови, како и незаобиколните црна и бела.

За разлика од сите останатите  детали кои пулсираат во принтови што создаваат оптичка илузија, соодветно им контрираат смирените линии и бои од формалниот и винтиџ мебел кој придонесува за дополнителен шмек.

Разгледајте ја неговата идеја што можеби ќе ве премисли да промените нешто во вашето катче и да го разбиете клишето од уредувањето.

 

Објавено:
7 ноември 2014
Категорија: 
Култура