Инспиративен лукбук за Денот на шегата

1 април 2014

 

Во духот на единствениот ден во годината кога лагите се дозволени,  за вечерашната ваша трсформација нека ве инспирира лукбукот на дизајнерката Лесија Парамонова, за нејзината нова колекција за сезоната есен-зима 2014/15. Станува збор за модна бајка, каде главните протагонисти се таинствените суштества кои живеат во „Lesina LES'u“, а ги води слатката самовила, Стасија Короткова, која беше избрана за заштитно лице на овој проект.

Благодарение на „волшебната“ технологија, студиото е претворено во магична шума во која преовладуваат флоралните принтови, пастелните бои, воздушестите кошули и золништа и бајковитата шминка која создава една нова димензија паралелна на реалноста.

Парамонова преку својот креативен лукбук апелира дека  светлината и креативниот дух пулсираат насекаде, па дури понекогаш можат да се пронајдат на чудни локации, кои ќе бидат неверојатно инспиративни за да се раскаже нешто поинакво и оригинално. Лукбукот го изработи фотографката Алина Валитова, која пред сè се водеше од желбата и приказната на дизајнерката.

Објавено:
1 април 2014
Категорија: 
Колекции