(ВИДЕО) Најдобра интерпретација на „Макфест“: Лара Иванова со спот за „Душа“

24 септември 2021

Сѐ уште пристигаат пофални зборови за одличниот настап и фантастичната интерпретација на младата пејачка Лара Иванова на овогодишниот фестивал "Макфест", кој се одржа пред неколку дена. 

Сцената во Штип „ечеше“ од изведба на Лара на песната "Душа" и ги освои симпатиите на присутната публика, но и оние пред малите екрани. Многумина коментираат дека е и морален победник на фестивалот, а ја освои и наградата за вокална интерпретација.

Инаку "Душа" е музичко дело создадено од Иле Спасев и Робин Зимбаков, кои уште еднаш докажаа дека се одличен тандем. "Душа" доби и музички видеоспот кој исто како и за претходната песна на Лара, го потпишува режисерот Владимир Митревски - Ѓуле.

- "Душа" мислам дека има душа и баш поради тоа ја освои публиката. Точно е, Иле и Робин направија магија и јас сум презадоволна. Вистина е дека реакции добивам секојдневно и тоа премногу ме радува. Мислам дека нема поголема награда за еден пејач или артист кога ќе види дека неговото дело е одлично прифатено од пошироката публика - вели Лара.

После неколку побрзи песни, Лара ја изненади публиката со балада, а доколку се' уште не сте ја слушнале, сторете го тоа во продолжение:

 

Објавено:
24 септември 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
321 пати