(ВИДЕО) Нов „заразен“ хит на Лара Иванова: Слушнете ја „Осамена“

15 јуни 2021

Нема сомнежи дека оваа 2021 година е година на младата пејачка Лара Иванова.

Со нумерата „Некогаш ќе помине“, која ја објави пред само пет месеци, дефитивно таа ги освои симпатиите на публиката. Потоа следуваше „Кој е сега крив“, песна со која исто така ги доби аплаузите од музичките критичари, а се разбира и оние најважните, а тоа се слушателите.

Вчеравечер пак, на социјалните мрежи „Јутјуб“, „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Спотифај“ ја промовираше нејзината најнова песна. „Осамена“ е насловот на новата композиција, позади која повторно се потпишува истиот тим како и за претходните песни. Иле Спасев - музика и аранжман, додека како автор на текстот стои името на Робин Зимбаков.

Се разбира, Лара и овојпат не го криеше задоволството за оваа соработка.

- Песната е во брз, модерен ритам, во стилот на двете мои претходни песни “Некогаш ќе помине” и “Кој е сега крив” кои одлично поминаа кај нашата, но и странската публика, па затоа решив да продолжам во тој правец. Можам да кажам дека веќе имам создадено свој круг на публика која ме поддржува и со нетрпение ја чека секоја моја нова песна, а тоа секако ме охрабрува и поттикнува да продолжам да работам на создавање на нови песни, нови проекти и соработки - вели младата Лара.

Инаку режисер на овој видеоспот е Владимир Митревски - Ѓуле, на кого му е прва соработка со младата ѕвезда во подем, која се пофали дека идејата била нивна заедничка. -

Спотот за “Осамена” е снимен во студио, идејата беше заедничка – моја и на Ѓуле, и можам да кажам дека успеавме да ја доловиме енергијата која сакавме да ја прикажеме. Јас сум презадоволна од соработката со сите оние кои беа вклучени во изработката на спотот, снимањето беше многу забавно и интересно, а крајниот производ – одличен  - истакна Лара.

Младата пејачка е во подготовка и на други песни и проекти, но дотогаш, слушнете ја „Осамена“. 

 

Објавено:
15 јуни 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
266 пати
Тагови: 
Лара Иванова