Видете ја Мона Лиза од дома: Бесплатна виртуелна тура во „Лувр“

31 март 2021

Французскиот музеј „Лувр“ е еден од најпосетените во светот, но бројот на посетители во последната година поради пандемијата драстично е намален.

Сепак, оттаму доаѓа и една убава вест - музејот може да се посети виртуелно. Секако дека доживувањето не е исто, но сепак е одличен гест за сите љубители на уметноста ширум светот.

За првпат севклупната колекција на „Лувр“ е достапна онлајн, а тоа значи - сите дела кои се изложени во музејот, делата во магацините, па дури и делата кои се позајмени на други музеи. Се работи за повеќе од 482 илјади дела кои можат да се видат бесплатно.

Постојат неколку начини на кои оваа импозантна колекција може да се истражува. Можете да пребарувате конкретно дело, или пак уметник, можете тема или пак да го истражувате музејот соба по соба, со помош на интерактивната мапа која редовно се ажурира.

Освен сајтот на кој се наоѓа оваа колекција и самиот музеј доби нова веб страна, поделена на три дела. Сајтот за сега е достапен на француски, англиски, шпански и кинески јазик и може да се посети преку десктоп или лаптоп компјутер, таблет и мобилни телефони, но првично е наменет за мобилни телефони. 

Создавачите на сајтот ветуваат и нови дигитални содржини кои велат ќе им бидат интересни на сите посетители.

 

Објавено:
31 март 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.215 пати
Тагови: 
Лувр