Најпознатиот музеј во светот затворен поради семејството Картер

14 октомври 2014

Бијонсе, Џеј Зи и Блу Ајви со часови уживаа шетајќи низ музејот кој специјално беше затворен за други посетители. Пејачката особено била импресионирана од античките скулптури, но и од барокното сликарство. Блу Ајви вистински се забавувала при тоа не знаејќи дека е опкружена со најголемите уметнички дела, а секако познатиот пар се сликаа покрај најпознатото дело од Леонардо да Винчи, Мона Лиза. Сите оние кои имале можност да го посетат Лувр, сигурно знаат дека е невозможно да се пријде во близина на оваа слика поради заштитната ограда, но сепак ова правило не важи и за славните личности.

Иако Лејди Гага е позната по соработката со најпознатите уметници на денешницата, сепак Џеј Зи е познат колекционер на познати уметнички дела, па претпоставуваме дека оваа посета за него е од големо значење.

Објавено:
14 октомври 2014
Категорија: 
Сцена