„Девојката со бисерна обетка“ се враќа дома

28 јуни 2014

Славното слика  на Јоханес Вермер, делото „ Девојката со бисерна обетка“  по двегодишна турнеја низ светските гелерии се враќа во музејот „Маурициус“ во Хаг.  Откако познатото уметничко дело  во  2012 година беше претставено пред јапонската публика,  во 2013 година низ музеите во САД, а неодамна и во Болоња, девојката на Вермер повторно е во колекцијата на холандскиот музеј. Елегантната палата од 17-от век, се обновуваше две години, а сега откако е реставрирана  вратите свечено ќе бидат отворени, а освен во  музејот ќе се прослеви и со низа манифестации низ центарот на градот.

„Девојката со бисерна обетка“  уште е позната како „Холандската Мона Лиза“ и важи за едно од најпознатите уметнички дела кај пошироката публика, заедно со „Мона Лиза“ на Да Винчи, и „Врисок“ на Мунк.

Објавено:
28 јуни 2014
Категорија: 
Култура