Викендов стартува 17. Фестивал на монодрама во Битола

22 април 2015

Центарот за култура во Битола, е домаќин и организатор на 17-от Интернационален фестивал на монодрама „Битола 2015“ што ќе се одржи од 24-ти до 28-ми април.

Програмата на фестивалот вклучува 11 монодрами од 10 држави од Европа.

Селекцијата на монодрамите ја изврши македонскиот актер Петар Мирчевски, а претседател на стручното жири годинава е истакнатиот руски актер Јуриј Назаров кој ќе има задача да ја додели наградата гран при.

На 17.издание на Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2015“ ќе бидат одиграни четири монодрамски претстави од Македонија, од нив и една премиера, претставата „Delirium Tremens” во режија и изведба на Игор Трпчевски од Народен театар „Војдан Чернодрински“ ­Прилеп. ­ Во чест на учесниците на фестивалот, на свеченото отворање, на 24 април ќе биде одиграна претставата „Животот на Молиер“ на МНТ ­Скопје од Михаил Булгаков во режија на Александар Поповски,  во сабота ќе имате можност да ја гледате „Последна шанса“ со Весна Петрушевска, на Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ во режија на Синиша Ефтимов, а на свеченото затворање, на 28 април ќе биде одиграна претставата „Не се клади на енглези“ исто така на МНТ ­Скопје чиј автор е Владимир Ѓорѓевиќ во режија на Синиша Ефтимов.

 

Објавено:
22 април 2015
Категорија: 
Култура