За љубителите на уметноста: Виртуелни прошетки во музеи и посети на изложби

16 март 2020

Националната галерија на Македонија вчера ги израдува љубителите на уметността, овозможувајќи им да ја видат јубилејната изложба по повод 70 години постоење од институцијата од нивните домови.

фото извор: facebook.com/Nacionalna.galerija.na.Makedonija

„Во деновите кога ни е намалено движењето и кога сме повеќе во нашите домови, отколку социјализирани надвор, Националната галерија Ви се приближува, вам, нашите верни посетители.Еве уникатна можност да го симнете каталогот од јубилејната изложба по повод 70 години постоење на нашата институција. Се надеваме дека актуелните случувања брзо ќе одминат и повторно ќе ве гледаме во посета на нашите објекти и настани“, се вели во соопштението.

Каталогот можете да го преземете од линкот - „70 години Национална галерија“.

Инаку, дел од музеите во светот овозможија виртуелна прошетка. Голем дел од медиумите направија листа на институции на уметност што дадоа таква можност, а линковите за дел од нив ги имате во продолжение:

Музеј на модерна уметност, МОМА - виртуелна тура.

Британски музеј, Лондон - виртуелна тура.

Лувр - виртуелна тура

Национална галерија на уметности, Вашингтон - виртуелна тура.

„Ван Гог музеј“, Амстердам - виртуелна тура.

Останатите можете да ги видите на линкот - Листа на виртуелни тури и 12 виртуелни тури.

На стајтот mcn.edu, посветен на дигитализацијата во музеите, можете да најдете уште поопширна листа, која вклучува и онлајн изложби, курсеви, колекции, уметност за деца, но и библиотеки. 

Седењето дома не мора да е воопшто досадно, кога имате што да правите.

 

Објавено:
16 март 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
627 пати