Забава: Што новогодишното украсување на домот говори за вас?

3 јануари 2019

Во овој работен ден, непосредно пред уште еден викенд за одмор, одвојте некоја минута, направете пауза од работата и забавувајте се. Текстот во продолжение е токму за кратка разонода а се однесува на тоа што новогодишното уредување во домот говори за вас:

 

1. Ако ставате ѕвезда на врв на елката - традиционалист сте и сакате сите сегменти од новогодишната и божиќната прослава да се по правила. Го обожувате мирисот на вистинска елка или бор. Имате цврст систе на лични уверувања и непогрешлив морален компас поради што луѓето немаат проблем да ви веруваат.

2. Ако ви доминира црвената боја - сакате празниците да траат што подолго, обожувате сјај, блескави трговски центри и се' што потсетува на овој период од годината. Амбициозни сте, имате големи цели и никогаш не стравувате од неуспех, бидејќи знаете дека за секој проблем постои решение.

3. Ако сакате рачно изработени украси - семеен тип сте. Креативец сте, а и практичноста ви е силна страна. Не ве интересираат подароци, туку само да сте во друштво на луѓето кои ги сакате. Искрени сте, со отворен ум.

4. Ако сакате шарени сијалички - екстровертна личност сте. Ви се допаѓа „американскиот стил“ на уредување за празниците. Се водите по тоа - колку пошарено, толку подобро. Вашата елка е одраз на вашата личност - голема, шарена, храбра. 

5. Ако сакате само бели сијалички - вие сте педантна личност, која ја преферира едноставноста. Успешно ги комбинирате традицијата и елеганцијата. Перфекционист сте, кој во секој момент знае што сака и ќе се потруди тоа да го оствари.

6. Ако сте за мала елка - се водите од тоа дека за празниците да бидат убави не е клучна големината на елката. Не сакате премногу ангажирање околу чистењето за празниците, затоа поскромните и минималистички декорации ви се совршен избор. 

7. Ако сте за бела елка и модерни украси - не сте традиционален тип. Ги почитувате обичаите, но сепак попрво ќе посегнете за некои необични предмети. И во животот сте секогаш во потрага за нешто ново и инакво.

 

Објавено:
3 јануари 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.596 пати
Тагови: 
украсување дом