Започнува еден од најважните светски уметнички саеми

1 декември 2014

Art Basel започна како скромен уметнички саем кој прерасна во клучен настан во топлото Мајами. Како еден од најголемите уметнички изложби на другата страна на големата бара, годинава ќе биде домаќин на 250 галерии од различни земји, заедно со дела на најпознатите современи уметници. Во продолжение, погледнете некои од најинтересните изложби за оваа година.

Централна изложба

Најголем дел од изложбите кои ќе бидат дел од Art Basel ќе бидат стационирани во Конвенционалниот Центар. Дел од делата ќе бидат изложени и во паркот Саундскејп, а на двете локации ќе се прикажуваат филмови. Топлиот Мајами ќе ја угости Ники де Сеинт – Фале, која неодамна имаше изложба во Париз.

Изложба на Даниел Аршам

Современиот американски уметник Даниел Аршам за својата изложба подготви проект кој е  всушност патување низ времето. Тој во една капсула ги сместил современите играчки и гаџети, со цел да се остави порака за идните генерации.

Изложба на Питер Линдберг

Љубителите на модната фотографија ќе имаат можност да ги погледнат сликите на еден од најдобрите модни фотографи на денешницата. Изложбата ќе биде организирана во соработка со брендот за часовници IWC, кој за оваа кампања ги ангажираше Питер Линдберг и актерите Кејт Бланшет, Емили Блант, Еван Мекгрегор и Кристоф Валтс и моделите Адријана Лима и Каролина Куркова.

Design Miami

Секоја година Design Miami привлекува голем број дизајнери, колекционери, трговци, уметници и критичари, односно тоа е место каде се нудат најновите дизајни во производството и индустрискиот дизајн.

Design District

Ова е еден од најпривлечните квартови во Мајами, кој иако е сеуште во изградба, нуди бутици со реномирани имиња од модниот свет, како што се Прада, Луј Витон, Ермес, Картие, Рик Овенси други.

Пјер Пулин и Херман Милер

Секоја година Луј Витон посветува внимание на клучни личности од областа на дизајнот и архитектурата. Оваа година ќе се стави акцент на делата на Пјер Паулин и Херман Милер, кои имале бренд за мебел. Модната куќа специјално за овој саем изработи 18 уникатни предмети, според скиците на дизајнерите.

 

Преземено одBuro 24/7

Објавено:
1 декември 2014
Категорија: 
Култура