Животните судбини на Џеј Ло и Блонди раскажани во книги

5 ноември 2014

Долго најавуваната книга на познатата пејачка Џенифер Лопез конечно ја доживеа својата промоција. Имено, од вчера книжевното дело е пуштено во продажба ширум светот.

Во својата прва книга, насловена „True Love“, (Вистинска љубов), Џени од Бронкс, го дефинира нејзиниот живот како неверојатно, дури и неочекувано трансформативен, поделен на две големи патувања. Едниот пат се километрите кои музичарката морала да ги помине и сè уште ги оди во поглед на градењето на својата уметничка кариера, а другиот пат оној поубавиот како што и самата вели е улогата на мајка на двете прекрасни ангелчиња кои сосема случајно дошле во нејзиниот живот.

Двете „хемисфери“ кои се есенцијални елементи за неа ја сочинуваат нејзината душа и целосно ја отсликуваат нејзината личност. Покрај тоа што во книгата Џенифер комплетно се соголува себе како уметник и како мајка, зборува и за нејзините најголеми предизвици, посочува кои се нејзините најголеми стравови и на крајот прави еден сублимат од се она што го има доживеано и почувствувано на своја кожа и вели дека сите убави и грди работи ја направиле она што е денес, силна, храбра и среќна, едноставно жена.

1450684_1015281167885768_8325291206458009181_n

Книгата е напишана како дневник и во неа пејачката открива што за неа значи вистинската љубов, како таа ја доживува и каква треба да биде. Животните лекции, спомените и сеќавањата уште повеќе ја зајакнуваат приказната на оваа позната дама.

Изданието изобилува со околу 200 фотографии, а корицата како и внатрешноста се раскошно дизајнирани. Покрај професионалните фотографски кадри Лопез во книгата вметнува и слики од нејзиното рано детство, доловува среќни монети со нејзиното семејство и пријателите, дружењата на турнеите, сценските настапи и патувањата низ целиот свет.

Како и Џенифер Лопез, така и познатата пејачка Деби Хари која на светската јавност и е позната под псевдонимот Блонди, реши да издаде книга во која таа целосно го открива нејзиниот начин на живот и преку фотографии открива детали за нејзината слава, стил, но дава совети за тоа како да бидете успешни и среќни на професионален и приватен план истовремено.

Музичарката прави паралела на 1970-тите, 1980-тите години не само во однос на модата, мобилноста, туку зборува за комплетната промена на начинот на живеење и функционирање. Блонди вели дека денес животот изгледа само навидум лесен и богат, таа тврди дека голем број од луѓето се „робови“на сопствените професии и на модерната технологија.

Кариерата на оваа позната русокоса трае повеќе од 40 години. Преку ова ново издание ќе дознаете повеќе за животот на пејачката, нејзините ставови и мислења. На страниците комплетно е опишана глобалната слава на Блонди и нејзиниот бенд како и борбата за освојување подобри места на светските топ листи. Серијата искрени фотографии , направени од страна на поранешниот партнер на Деби Хари, Крис Штајн според многумина се вистинско ремек дело. Кога ја разлистувате книгата не мора да ја читате бидејќи кадрите имаат моќ да раскажат и доловат многу повеќе отколку зборовите. Изданието носи наслов „Me, Blondie and the Advert of Punk“, (Јас, Блонди, и доаѓањето на панкот).

Објавено:
5 ноември 2014
Категорија: 
Култура