Со нејзината платинесто руса коса и впечатливите јаболчици, Деби беше првата „жестока“ жена во панк-рок светот и го дефинираше њујоршкиот изглед со нејзиниот став и стил во кој немаше место за страв и граници.

Започна како Плејбој зајачица во Њујорк, но фронтменот  на „Блонди“, Хари одлучи од неа да направи модна икона. Така, за нејзиниот изглед се погрижи дизајнерот Стефен Спроус.

Деби ја гледавме во кожени комбинации, моторџиски јакни и хеланки, но и во гламурозни комбинезони, металик шминка и откачени фризури.

Сето тоа ѝ помогна на многу модни листи да биде во самиот врв, а со тоа да стане и модна икона.

Објавено:
29 јуни 2013
Категорија: 
Модна икона