Еве како изгледа рок ѕвезда на 76 години: Деби Хари во полн ефект

27 април 2022

На 76 години, панк-рок иконата Деби Хари сѐ уште е активна на музичката сцена.

Вчера со нејзиниот бенд Blondie одржаа концерт во лондонската О2 арена – прв концерт во Лондон после 5-годишна пауза.

Фановите уживаа во енергичен двочасовен концерт и изведба во живо на хитовите: Atomic, Heart of Glass, Hanging on the Telephone, Picture...

Фото:Dave J Hogan

„Помина многу долго време. За мене е чест да се вратам тука", изјави Хари пред полната сала.

Покрај тоа што Деби Хари знае да приреди одлично шоу, таа секогаш тоа го прави со стил – буквално.

Важи за една од најекспресивните стилски-музички икони, која имаше и има огромно влијание во модната индустрија.

Фото:Dave J Hogan

За вчерашниот концерт одбра еклектична комбинација, слоевита, колоритна, ексцентрична – тоа е Деби Хари.

Фото:Dave J Hogan

Фото:Stuard Westwood

Фото:Stuard Westwood

Објавено:
27 април 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
414 пати
Тагови: 
Blondie Деби Хари