Деби Хари ќе креира колекција за Obey

29 декември 2016

Веројатно досега сте слушнале за популарниот бренд Obey и неговиот основач Шепард Фери кој е еден од најпочитуваните дизајнери во светот. Токму тој, креира нова колекција за брендот, но овој пат ќе му се придружи едно големо музичко име, пејачката Деби Хари од групата Блонди.

„Целиот живот сум обожавател на Блонди и соработував со нив во минатото и тоа за мене беше остварување на сонот. Но, да се работи со Деби на овој проект, е неверојатна инспирација“, вели Фери.

Уметникот и прв човек на брендот досега е најпознат по својот плакат на Барак Обама со натписот „Hope“, а пред две години создаде и колекција блузони со ликот на Деби од најдобрите денови на групата Блонди.

Овој пат, станува збор за заедничка колекција за есен/зима 2017 година, а какви парчиња ќе создадат, допрва треба да видиме.

Покрај проектот со Деби, дизајнерот подготвува и голем соло проект во Лос Анџелес, а во февруари се очекува да му биде доделена и наградата за животно дело Tony Goldman Lifetime Achievement Award.

 

Објавено:
29 декември 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
94 пати