Кардула ќе изложува во Рим

17 јануари 2018

Во чест на еден од најголемите европски интелектуалци Предраг Матвејевиќ, на 2-ри февруари 2018 за првпат во Италија се организира изложба со композиции кои отсликуваат културата на југо-источна Европа.

Чест да ја отвори Mondo Ex и да оддаде почит на Матвејевиќ ќе има Зоран Кардула. Тој ќе се престави со своите редизајни на постери од поранешна Југославија.

"Особеноста помеѓу Матвејвиќ и Кардула се открива во ненасилна бирба, во страст, во свеста дека уметноста и литературата може да создадат мостови меѓу луѓето насекаде", вели организаторот.

Изложбата, која се состои од 40 избрани дела, внимателно одбрани постери, (селектирано од преку 180), што ја одразува ироничната и храбрата употреба од симболите кои ја одбележаа социјалистичката ера а ќе се одржи во просториите на Curva Pura. Галерија во римската област Ostiense, вкоренета во поранешна индустриска и алтернативна територија, која култивира и го привлекува вниманието на уметниците.

Фото извор: Fan page Cardula

 

Објавено:
17 јануари 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
95 пати