Австралијците со едиторијал му го честитаа роденденот на Матичевски

31 мај 2014

Дека Тони Матичевски е еден од најдобрите и најобожувани дизајнери во Австралија покажа и последниот едиторијал направен од неговите пријатели и соработници во чест на неговиот денешен роденден.

Тие направија одличен едиторијал во студиото Мондо во Сиднеј, во кој вклопија некои од неговите најдобри парчиња во едноставна, но романтична приказна.

Веднаш под фотографиите, неговите пријатели му посветија и неколку зборови со кои тие му го честитаа роденденот.

„Ова е светот на Матичевски и ние обожуваме што живееме во него. Австралија ќе продолжи да го слави твојот талент секој ден, а денеска, наместо ти да ги „славиш“ жените, тие те „слават“ тебе“, му напишаа соработниците под објавениот едиторијал.

Во истиот, прекрасната манекенка, блогерка и една од неговите соработнички, Никол Варн или попозната како девојката зад страната „Гери Пепер“, носи четири одлични комбинации од колекциите на Матичевски, меѓу кои и црн топ и одлично бело здолниште со висок струк, потоа портокалов тренди фустан со наметка, раскошен црн фустан со бели светови како модни додатоци и интересна комбинација од спортски дуксер и здолниште од истиот материјал.

Среќен роденден Тони Матичевски!

Објавено:
31 мај 2014
Категорија: 
Актуел