Мерил Стрип лице в лице со Ана Винтур за „125 години Вог“

10 ноември 2017

Конечно се сретнаа Миранда Присли и Ана Винтур...

Етаблираната актерка Мерил Стрип беше изборот на Ана Винтур за лице на насловната страна на специјализираното издание на престижниот магазин Вог по повод јубилејот од 125 години.

Американскиот Вог во декември за овој исклучително значаен јубилеј, ќе излезе во две изданија што се обединуваат под темата „Then and Now", ретроспективно навраќајќи се на сите брилијантни умови и артисти што имале клучно влијание во различни општествени и културни сфери.

Токму затоа на насловната на едното издание е 68-годишната актерка Мерил Стрип, додека Фарел Вилијамс и Иман Хамам се насловните лица на второто издание на овој јубилеен број.

Ана Винтур ја интервјуираше Мерил Стрип со акцент на неколку клучни и актуелни прашања: случајот со Харви Вајнстајн, сексизмот во Холивуд, улогата која и била најголем предизвик, но и за нејзината актуелна ролја во новиот филм на Стивен Спилберг „The Post", каде ја игра улогата на легендарната Кетрин Греам, еден од клучните ликови во откривањето на аферата „Вотергејт".

Мерил Стрип во улогата на Кетрин Греам

Фотографиите ги потпиша врвната Ени Лебовиц.

Фото извор: Vogue, Daily Mail, 

Објавено:
10 ноември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
521 пати