Музејот V&A во Лондон организира изложба во чест на Наоми Кемпбел

7 октомври 2023

За Наоми нема потреба од претставување. Таа е можеби најлегендарниот супермодел што некогаш чекорел на модните писти.

Извајаната фигура, впечатливиот од, совршените црти на лицето ја одбележаа како моден симбол на 90-те.

Но, Наоми не застана, таа е сè уште активна и воодушевува со секое нејзино појавување.

Затоа музејот Викторија и Алберт во Лондон, од 22 јуни ќе ги отвори вратите за сите посетители во чест на Кемпбел со ексклузивна изложба посветена на нејзината 40 годишна кариера.

Од нејзините почетоци на само 15 години, па сè до последните ревии за Меквин и Долче и Габана, секој значаен момент ќе најде свое место во изложбата.

Кемпбел, 53, во 1988 стана првиот афроамерикански модел што се појавил на насловна на Вог.

Останатото е историја.

Објавено:
7 октомври 2023
Категорија: 
Актуел