Ангела Василевска се врати од Miss Eurasia со награда за Најдобра вечерна тоалета од нашиот бренд Елена Лука

14 јуни 2018

Дваесетгодишната студентка на Филозофскиот факутет при УКИМ, Ангела Василевска, неодамна се врати од Турција каде се одржуваше традиционалниот избор за убавина, Miss Eurasia 2018.

Ангела успешно ја претстави Македонија и од изборот се врати со нови искуства, но и престижни награди.
„Јас долго време соработувам со националниот директор Роберт Граматиков, кој ми понуди оваа година на мое огромно задоволство да ја претставувам Македонија на Miss Eurasia 2018. Изборот се одржуваше во Анталија, Турција каде заедно со уште 28 учеснички, престојувавме 12 дена. Од таму носам доживотни, убави спомени и импресии, пред се поради одличната оргнизација, но и дружбата со девојките. Се беше на високо професионално ниво и имавме точно утврдена агенда кои се нашите обврски".

На овој интернационален избор, Ангела успеа да освои престижна награда – Најдобра вечерна тоалета од нашиот македонски моден бренд Елена Лука.

„Покрај тоа што успеав да влезам во Топ 10 финалистките, благодарение на Елена Лука ја донесов наградата за Најдобра вечерна тоалета. Носев прекрасна, авангардна креација од новата колекција Back to Black, која буквално го освои целото внимание на сцената поради фактот што истовремено оваа креација е моќна, уникатна, елегантна и женствена, а совршено му прилега и на мојот карактер и на мојата конституција".

Токму затоа и заслужено оваа креација доби признание за најдобра вечерна тоалета. Софистицираната тоалета е дизајн од последната колекција на Елена Лука, Back to Black, а совршениот спој на авангарден изглед, перфектен крој и уникатни детали, го освои комплетното внимание на сцената што резултираше и со престижната награда за Најдобра тоалета.

Ангела се натпреваруваше и во рамкте на талет шоуто на изборот, каде се претстави со танцова точка за што исто така освои специјална награда.
Нашата претставничка се врати од Анталија со нови искуства, но и со нови значајни контакти кои несомнено ќе и го отворат патот кон нови предизвици на светската модна сцена.

 

Објавено:
14 јуни 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.811 пати